Репрезентативец на Франција го продал својот златен медал од СП на аукција

Во периодот на пандемијата предизвикана од коронавирусот беа одржани голем број аукции во кои свои предмети заложуваа познати спортисти, за подоцна средствата да бидат донирани. 

Аукциска куќа во Лос Анџелес пријави дека низ нивната аукција минале неколку медали од Светските првенства во фудбал. Највредниот бил од неименуван француски фудбалер кој својот медал од Мундијалот во 2018 година во Русија го продал за 71.875 долари. 

Освен него, биле продадени и медали од Светските шампионати во Јапонија и Јужна Кореа 2002, како и САД 1994 година, чија цена била околу 50.000 долари.