• Зоран Мишевски
По големата трагедија која ја погоди Македонија, нашите фудбалски репрезентативци во мирна и тивка атмосфера попладнево се собраа во Скопје на стартот на квалификациите за Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада во 2026 година.
Поради целокупната ситуација и со почит кон семејствата на починатите во трагедијата во Кочани, нашите фудбалери побараа од новинарите да бидат поштедени од изјави и коментари за натпреварот в сабота со Лихтенштајн.
Репрезентацијата попладнево ќе го одржи првиот тренинг.