• Зоран Мишевски
Со чартер лет за Прага, македонската фудбалска репрезентација денес отпатува на местото на одигрување на првиот од двата септемвриски натпревари во рамките на ФИФА прозорецот. Со оглед на тоа што во првиот термин нашите момци се слободни, утре од 17:00 часот во главниот град на Чешка ќе одиграат пријателски натпревар против Саудиска Арабија.
Со искусна група фудбалери и два дебитанти, селекторот Милевски има намера да го искористи овој натпревар како тест пред продолжувањето на квалификациите и дуелот со Лихтенштајн в недела во Скопје. По промената на клубовите силно мотивирани за настап треба да бидат Елмас и Чурлинов, а се очекува минути да добијат и играчите од домашното првенство, Илиевски и Рамадани.
Попладнево нашите момци ќе тренираат во Прага, а утре од 17:00 часот ќсе соочат со Саудиска Арабија. Ова е втор дуел на овие две селекции, откако пред неполни две години во Ријад победа извојуваа Саудијците со 1-0.









