Репрезентацијата на Англија ќе „настрада“ поради доминацијата на клубовите во Европа!?

Англија

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, стравува дека нема да има можност да направи посакувани подготовки за Европското првенство,

Доминацијата на премиерлигашите во европските Купови ќе си го направат своето. Манчестер Сити и Челзи се дел од финалето во Лигата на шампионите, а Манчестер Јунајтед и Арсенал се борат за финална пресметка во Лига Европа.

Доколку се случи тоа, англискиот селектор ќе биде без тринаесет големи имиња за пријателските средби против Романија и Австрија. Тој најави дека ќе им даде заслужен одмор на сите свои репрезентативци, по завршувањето на нивните клупски сезони.

Рахим Стерлинг, Фил Фоден, Џон Стоунс, Кајл Вокер, Мејсон Маунт, Бен Чилвел и Рис Џејмс ќе го пропуштат почетокот на подготовките од редовите на финалистите во Лигата на шампионите.

Од учесниците во второто по ранг натпреварување на располагање не би биле Дин Хендерсон, Маркус Рашфорд, Хари Мегваер, Лук Шоу и потенцијално Мејсон Гринвуд, како и Бакајоко Сака, доколку Арсенал успее да направи пресврт против Виљареал.

Англија ќе игра во групата Д заедно со Хрватска, Шкотска и Чешка.