ФОТО: Реплика од „Златната копачка“ на Панчев во музејот на Црвена Звезда

Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев, ја отстапи својата „Златна копачка“ на управата на Црвена Звезда, која ќе изработи нејзина реплика и ќе ја постави во музејот на стадионот „Рајко Митиќ“. 

Нашата „кобра“ го заслужи овој трофеј со најдобриот голгетерски учинок во тогашниот Куп на шампиони во сезоната 1990/91, кога воедно беше остварен и најголемиот успех на клубот, освојувајќи го трофејот во финалето против Олимпик Марсеј

Токму Панчев го реализираше победоносниот удар од белата точка во пенал-рулетот, а тогашна Југославија за првпат доби клуб кој се искачи на европскиот трон. Легендарниот фудбалер важи за еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња и во својата кариера постигна над 250 голови во сите конкуренции.