Реорганизација во Пелистер: Со претседателот Стојковски заминува и Тони Мицевски

Со завршувањето на шампионатот започна и реорганизацијата во битолски Пелистер. Претседателот Митко Стојковски вчера потврди дека ќе ја достави својата оставка до бордот на директори, а со него заминува и Тони Мицевски, кој ја извршуваше улогата на член на Управниот одбор на клубот.

Овој тандем го водеше клубот од Битола во претходните две ипол години и смета дека ова е вистински момент да го остават водството на клубот на други луѓе, можеби и на нови сопственици.

Пелистер освои 39 бода и заврши на седмото место на табелата. Клубот наскоро ќе ги објави своите следни чекори, а единствениот акционер, Општина Битола, треба да се произнесе и по последните понуди за купување на клубот.