Реновираниот Работнички на прв сериозен испит со Торпедо

Работнички по неколкугодишна пауза ќе ја претставува Македонија во Европа, поточно во Конференциската лига на УЕФА, но пред себе има голем предизвик затоа што го промени тимот пред двомечот со Торпедо Жодино од Белорусија.

Тимот остана без тренерот Горан Станиќ кој го донесе успехот, па замина да ја води У21-репрезентацијата, а си заминаа и неколку првотимци како Дин Аломеровиќ, Игор Алексовски, Димитар Данев, Содик Рашид, Марселин Гандо, капитенот Егзон Белица... Токму затоа, Торпедо ќе биде незгоден ривал за дебармаалци.

>>> Сите квоти на мечот Торпедо - Работнички во Mozzart

Работнички во овој преоден рок ангажира 13 нови играчи. Тимот засега е еден од најактивните на македонскиот пазар. Но, прашање е колку новиот тренер Бојан Маркоски ќе успее да ги вокомпонира пред европскиот двомеч. Се одиграа три пријателски со Силекс на кои немаше победник, а имаше и уште два интернационални меча на кои тимот не постигна гол, со Балкани (0-2) и Партизани Тирана (0-3).

Торпедо е во активна форма, шампионатот во Белорусија се уште трае, па тоа ќе биде голем плус за тимот кој ќе мора да го пречека Работнички на неутрален терен во Унгарија заради воениот конфликт во Источна Европа. И тоа не во било каква форма, туку топ-форма: Пет победи на последните пет меча, една од нив беше со најтрофејниот тамошен клуб Бате Борисов. Инаку, Торпедо е тим составен со мнозинство Белоруси, а најголемото засилување во овој преоден рок им е Павел Седко кој дојде од Динамо Минск.

Домаќинот кој на хартија е вреден 5,5 милиони евра ја има улогата на фаворит на првиот меч, тоа и самиот Работнички го знае.