Ренова со „петка“ за Локомотива, „лавовите“ загубија од Јавор

Екипата на Ренова забележа сигурна победа на пријателски меч пред стартот на пролетната полусезона во Првата лига и со убедливи 5-0 (1-0) ја совлада скопска Локомотива.

Второлигашот од Карпош парираше едно полувреме, но потоа Костов им даде шанса на првотимците кои ја направија разликата. Погодоци во мрежата на „локосите“ постигнаа Стојановски, Јусуфи, Скендери, Садики и новото засилување Лукас.

Македонија ЃП, пак, на тест-меч во Охрид загуби од српски Јавор со 1-2 (0-1). За „лавовите“ настапија Димовски, Ивановски, Борха, Блажевски, Илиески, Лазаревиќ, Колеќески, Божиновски, Настевски, Петров и Симеон Христов, а шанса добија уште Џангаровски, Стојковски, Коцев, Тантуровски, Костовски и Мартин Христов.