Ренова со пет гола во мрежата на Дрита го положи првиот летен „тест“!

Македонскиот прволигаш кој ова лето беше доста активен на трансфер-пазарот, Ренова, со победа ги стартуваше подготовките за новата сезона во ПМФЛ. 

Тимот од Џепчиште се сретна со Дрита од Боговиње, а својот квалитет го покажа на терен и забележа убедлив триумф од 5-1. Стрелци на головите за Ренова беа Ремзифаик Селмани, Албан Таипи, Арџент Гафури, Љутфи Билали и Илирид Адеми. 

„Гипсарите“ утре заминуваат за Охрид, каде ќе ја одработат главната фаза од летните подготовки. Според најавите тимот ќе одигра неколку пријателски натпревари, а веќе се договорени тест-средби со Лабуништа (13 јуни), Трајал од Крушевац (17) и албанскиот прволигаш Тирана (20 јуни).