Ренова посилна за Арменд Алиу, фудбалерот за врска се врати во ПМФЛ од Косово

Кој знае дали екипата на Ренова оваа сезона ќе има еден член од минатосезонскиот ростер. Бројот на засилувања е скоро двоцифрен, а стручниот штаб е комплетно нов.

Од денес фудбалерот од средниот ред Арменд Алиу ја засили екипата на Ренова, потпишувајќи договор на една сезона. Алиу до минатата сезона настапуваше за косовскиот тим Феризај и треба да биде од голема помош за „гипсарите“. 

Пред неколку дена Арџент Гафури, Башким Велија, Ненад Мишковски, Хадис Велии и Фисник Зука ги продолжија договорите, а на клубот му пристапија Алтин Сефо, Валон Незири, Рамзифаик Селмани, Скендери и Адеми.