Ренова објави: Цел клуб заминува во задолжителен 14-дневен карантин

Фудбалскиот клуб Ренова во неделата се соочи со несакан настан и неколку членови на екипата се заразени со вирусот ковид-19. Од таборот на „гипсарите“ објавија соопштение, а денес ги открија и следните чекори на клубот.

Сите фудбалери и членови на стручниот штаб, администрацијата и луѓето кои беа во контакт со инфицираните заминаа во 14-дневен карантин. Во дописот од Санитарниот здравствен инспекторат испратен до секој поединечно, се потврдува мерката - задолжителна изолација.

Имињата на инфицираните уште не се познати, но клубот најави дека наскоро ќе ги открие за јавноста.  

Фактот што Ренова целосно замина во карантин во следните две недели, автоматски го загрозува предвиденото продолжување на сезоната.

Фудбалската федерација на Македонија треба да продолжи помеѓу 14 и 21 јуни, но случаите на позитивни тестови на тетовските клубови го доведуват под знак прашалник рестартот на елитната категорија.