Ренова обезбеди опстанок, Хоризонт Турново во баражот против Пелистер

Ренова од Џепчиште го обезбеди опстанокот во ПМФЛ, а Хоризонт Турново ќе мора да игра бараж против третопалсираниот во ВМФЛПелистер за да остане во елитата. Во последното коло од плеј-офот двете екипи забележаа победи, па клучна беше победата на Ренова во директниот дуел минатиот викенд.

Против Младост Царев двор „гипсарите“ славеа како гости со 0-3 (0-2) со головите на Имери и Селмани уште пред одморот. Вториот дел донесе уште неколку шанси за гостите, но само Јусуфи погоди во 77. минута за финален резултат. 

Хоризонт Турново својот последен натпревар го одигра на „Кукуш“ против Металург и забележа победа од 5-0 (2-0) со головите на Костовски и Тимов уште во првите 15 минути од натпреварот, а Василев во 59. минута, пак Костовски во 71. минута и Мавров на 10 минути до крајот го поставија финалниот резултат. Последното коло од плеј-офот ќе се одигра следната недела.