Проблем за Ренова, Алиу се повреди на тренинг и ќе мора да прави операција

Екипата на Ренова соопшти лоши вести за навивачите во пресрет на пролетниот дел од ПМФЛ сезоната.

На денешниот тренинг сериозна повреда заработи Арменд Алиу. Поради истата тој веднаш заврши во болница и ќе мора да прави операција.

Младиот 23-годишен играч на „гипсарите“ нема да го започне вториот дел од сезоната, што секако е хендикеп за тетовската екипа.

Ренова ќе го пречека Силекс в недела во 19. коло од ПМФЛ.