• Мартин Танасковски

Два од трите македонски претставника во Лигата на Европа ќе играат на домашен терен, а Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги одреди термините на средбите и двете ќе се играат во ист ден.
Прва ќе тргне Ренова, која на жештината од 15:30 часот ќе игра со Хајдук Сплит. УЕФА одлучи стадион-домаќин да биде „Петар Милошевски“, тренинг-центарот при Фудбалската федерација на Македонија.
Силекс и Дрита добија натпревар на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, а истиот ќе стартува од 20:00 часот.
Шкендија ја чека гостување кај Ботошани. Натпреварот ќе се игра од 17:45 часот, на стадионот „Мунисипал“ во Ботошани.