Ренова го засили тимот со Јусуфи и Тафа

Ренова

Екипата на Ренова прави вистинска реконструкција во пресрет на пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Тренерот Ќатип Османи ги започна подготовките со неколку нови имиња. Денес „гипсарите“ се пофалија со уште две засилувања во Фатјон Јусуфи и Арбен Тафа.

Во тимот пристигнаа уште Мена Перез, Гајиќ и Алити, а си заминаа Валон Незири, Артан Велиу, Арменд Алиу, Алтин Сефо и Сулејман Кулибали.

Цел на Ренова во остатокот од сезоната ќе биде напуштање на опасната зона која носи испаѓање од македонската елита.