ВИДЕО: Ренова го преживеа Чаир и остана во игра за четвртото место

Возбудлив и ефикасен натпревар се одигра на „Чаир“ во Скопје, во кој Шкупи и Ренова ги поделија бодовите (2-2). Емран Рамадани со два гола беше херој на тетовчани, кои цело второ полувреме го одиграа со човек помалку.

Почетокот беше бавен и со блага иницијатива на гостите. Меѓутоа чаирчани беа тие кои што го отворија резултатот во 7. минута. Стрелец на голот беше Серџо Антонио Да Луиз Јуниор, кој ја круниса акцијата во која два неуспешни обиди имаше Сухејљ Мухарем. Бразилецот остана смирен и погоди во небранетиот дел за 1-0.

Фудбалерите на Умит Каран продолжија да бидат поконкретни. Напаѓачот Виктор Ангелов имаше две шанси да ја зголеми предноста. Најпрво, неговиот удар заврши во рацете на противничкиот голман, а вториот шут заврши над голот.

Мирниот период до паузата го расипа голгетерот на „гипсарите“, Влатко Стојановски. Тој за две минути заработи две опомени од главниот судија и порано го заврши натпреварот на Чаир. Тоа му овозможи на Шкупи да притисне во последните минути, но сепак полувремето го заврши со минимална предност.

Големо изненадување се случи по пет минути игра во вториот дел. Тетовчани одиграа една долга акција која на крај заврши со додавање до Емран Рамадани. Тој одлично се снајде во казнениот простор и од тешка ситуација успеа да го шокира домашниот голман и да израмни на 1-1.

Истиот фудбалер донесе и целосен пресврт во 59. минута, кога со лева нога го шокира противникот. Но, само што тргнаа од центарот, домашните играчи возвратија и израмнија на 2-2. Прекрасен погодок од далечина постигна Берат Џонатан Устабаши, кој не дозволи долга радост на гостите од Тетово.

Устабаши имаше прилика за втор погодок, но неговиот удар со глава заврши во стативата. Последните 15 минути играта целосно се префрли на половината на Ренова, која се бранеше со сите сили да го задржи освоениот бод. Во тоа на крај успеа и со тоа си ги задржа шансите за четвртата позиција на табелата.

Последното коло, во кое овие две екипи ќе одлучуваат за конечниот пласман на врвот, се игра на 26 мај. Во него Шкупи ќе му гостува на Работнички, додека Ренова игра градско дерби со Шкендија на домашен терен.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкендијаШкендија 36 24 7 5 80:29 51 79
2 ВардарВардар 36 17 13 6 45:23 22 64
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 36 17 7 12 45:35 10 58
4 ШкупиШкупи 1 36 13 9 14 40:42 -2 48
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 36 12 11 13 45:50 -5 47
6 РеноваРенова 1 36 12 11 13 53:49 4 47
7 РаботничкиРаботнички 3 36 13 7 16 43:49 -6 46
8 СилексСилекс 36 11 11 14 27:39 -12 44
9 БеласицаБеласица 36 9 11 16 37:49 -12 38
10 ПобедаПобеда 36 6 5 25 26:76 -50 23