Ренова ги „запали моторите“ за новата сезона во ПМФЛ и битката за ЛЕ

Ренова ги регрупираше своите редови и тренерот Бујар Ислами ги свика играчите на првата прозивка за новата сезона. Откако фудбалот во Македонија беше прекинат поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, по целосното откажување Ренова доби место во Лигата на Европа. 

Така, тимот од Џепчиште се врати на обврските и одново го започна тренажниот процест, откако во редовите на клубот имаше заразени со коронавирусот.

Ренова во преодниот рок остана без Миовски и Таири, но ги продолжи договорите со скоро сите останати фудбалери и го врати во своите редови Рамадани од Ренова. 

Новата сезона во ПМФЛ е планирана да стартува на деветти август, додека квалификациските преткола за Лигата на шампионите и Лигата на Европа каде ќе играат Силекс, Шкендија, Ренова и Шкупи ќе се одржат по крајот на тековните сезони.