Ренова ги продолжи договорите со Гафури, Садики и Абдулаи

По серијата разделби, екипата на Ренова која и во следната сезона ќе се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига, ги соопшти првите две останувања во своите редови и потпиша нови договори со двајца фудбалери кои се икони на овој клуб. 

Нова соработка со „гипсарите“ потпишаа Силвер Гафури и Бурим Садики, играчи кои дресот на Ренова ќе го носат уште најмалку една сезона. Гафури и Садики се сметаат за легенди на клубот, затоа што следната сезона ќе им биде 14-та во редовите на Ренова.

Исто така нов договор потпиша и Џелал Абдулаи. кој се обврза на соработка со Ренова на уште една сезона.

Инаку, тимот од Џепчиште зад себе остави турболентна сезона и опстанок во ПМФЛ обезбеди дури во баражот, а веднаш по победата по изведувањето на пеналите со Охрид, ја продолжи соработката со тренерот Ќатип Османи.