Ренова доведе офанзивец, Ајрулаху ново име меѓу „гипсарите“

Ренова

Прволигашот Ренова претстави уште едно ново засилување за предизвиците во сезоната 2021/22.

Во Тетово доаѓа Изет Ајрулаху кој има 23 години и играа на позицијата лево крило. Младиот фудбалер се раздели со Македонија Ѓорче Петров, но ќе остане да биде дел од македонското првенство.

„Гипсарите“ во изминатиот месец направија неколку промени во составот. Од тимот заминаа Јашароски, Тафа, Гавазај и Велија, а пристигнаа Алексовски и Илиески, додека нови договори добија Гафури, Садики, Абдулаи и Велии.

На клупата останува Ќатип Османи, кој ќе го води тетовскиот тим и следната сезона.