Ренер урлаше на полувреме – еве како ги мотивира Саудијците да ја победат Аргентина (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија приреди едно од двете големи сензации во досегашниот дел од Светското првенство во Катар. Во рамките од воведното коло Саудијците се изборија за неверојатен пресврт против големата Аргентина и шампионатот го започнаа со победа и значајни три бода (2-1).

Аргентина по првото полувреме имаше водство од 1-0, откако Меси погоди од пенал, па се чинеше дека „гаучосите“ ќе забележат лесна победа. Но, по полувремето Саудијците на терен истрчаа силно мотивирани да докажат дека поседуваат квалитет и нема да се предадат. Во тоа и успеаја, откако со два брзи гола му зададоа голем удар на моќниот противник. Еден ден по сензацијата на социјалните мрежи се појави видео од соблекувалната на Саудиска Арабија на полувремето. Во главната улога беше селекторот Ерв Ренер, кој урлаше по своите играчи, се обидуваше на секој можен начин да ги мотивира и на крајот сето тоа вроди со плод и беше забележана величествена победа.

„Вашиот талент ќе ја направи разликата! Останете смирени. Имаме уште 45 минути“, беа само дел од зборовите на селекторот.

  • Говорот на Ренер во соблекувалната:

Tворци на историската победа на Саудиска Арабија беа Салех Ал Шехри и Салем Ал Давсари.

Состави

Лионел Скалони

4-1-4-1

    Ерв Ренар

    4-5-1