ВИДЕО: Ренџерс со автогол ја загуби лидерската позиција, Порто подобар од Феенорд

Екипата предводена од Стивен Џерард ги подели бодовите со Јанг Бојс во Шкотска (1-1), со што ја загуби првата позиција од групата Г од Порто. Домаќините поведоа со голот на Морелос во 30. минута, а Швајцарците се вратија во мечот доцна во 89. минута по автоголот на Баришиќ. До крајот немаше доволно време за целосен пресврт и пласман понатаму за Јанг Бојс. 

  • Ренџерс - Јанг Бојс 1-1: 

Порто си ја одработи својата задача и на крајот среќата ги посака да ја преземат првата позиција во групата. Тие не дозволија изненадување дома против Феенорд и победија со 3-2. Португалците поведоа со 2-0 преку Луис во 14. и автоголот на Маласиа во 16. минута. Гостите во три минути постигнаа два гола и израмнија преку Ботегин и Ларсон, а конечниот резултат го постави Соарес во 34. минута. 

  • Порто - Феенорд 3-2:

Еспањол загуби на домашен терен од ЦСКА Москва со 0-1, но и покрај поразот остана лидер во групата Х. Хрватот Влашиќ погоди во 84. минута за прва победа на ЦСКА во Лигата на Европа. Зад себе на табелата шпанската екипа го остави Лудогорец, кој минимално победи дома против Ференцварош (1-0).

  • Еспањол - ЦСКА Москва 0-1: 

Белгиски Гент ја потврди првата позиција во групата И, со победата дома против Олександрија од 2-1. Двата гола во првиот дел на Депоитре беа недостижни за гостите кои намалија на стартот на вториот преку Мирошниченко. Волфсбург не дочека кикс на лидерот, но триумфираше со 1-0 над Сент-Етјен кој немаше шанси за пласман понатаму. Единствениот гол на средбата беше дело на Отавио во 52. минута. 

Состави

Стивен Џерард

4-3-3

    Gerardo Seoane

    4-3-3