ВИДЕО: Ренџерс владее со Глазгов, Голдсон донесе победа на „Селтик Парк“

Втор натпревар во низа Глазгов Ренџерс победува на теренот на лутиот ривал Селтик (0-2), во шкотското „Олд Фирм“ дерби.

Фудбалерите на Стивен Џерард ја зголемија разликата на врвот на табелата пред „зелено-белите“ и ја продолжија серијата без пораз по 11 натпревари во новата сезона.

  • Извештај од натпреварот: 

Се играше 9. минута кога Голдсон го отвори резултатот. Таверние прекрасно нафрли пред домашниот гол, а топката заврши на главата на неговиот соиграч, кој успеа да го совлада Баркас.

Селтик притискаше за израмнување, но доби нов шок на стартот од вториот дел. По една мешаница Голдсон одново ја затресе противничката мрежа и донесе нова радост за гостинската екипа. Ренџерс ги имаше позрелите шанси и заслужено освои нови три бода на теренот на вечниот ривал.

Со девет победи и две реми средби, екипата на Ренџерс стои највисоко на првото место на табелата во шкотската Премиер лига.