ВИДЕО: Ренџерс со моќно издание го здроби Селтик во вечното „Олд Фирм“ дерби

Екипата на Глазгов Ренџерс до надигра вечниот ривал Селтик (3-0) во „Олд Фирм“ дербито кое се играше во рамките на 21. коло од шкотската Премиер лига. 

  • Глазгов Ренџерс - Селтик 3-0: 

„Полицајците“ имаа многу повеќе од играта и сосема заслужено се радуваат на триумф, а резултатот беше отворен уште во седмата минута со голот на Романецот Јанис Хаџи. На паузата домаќинот го задржа минималното водство, а во второто полувреме ги потврди трите бода со головите на Робин Пропер и Бразилецот Данило. 

И покрај убедливиот пораз, Селтик нема многу причини за загриженост затоа што има единаесет бода предност пред градскиот ривал, но Ренџерс барем за момент донесе голема радост кај своите навивачи и впиша уште една победа во најголемото шкотско дерби.