Ренџерс раните од Лигата на Европа ќе ги лечи во шкотскиот ФА Куп

„Полицајците“ од Глазгов не успеаја да ја одбранат круната во Шкотска. Шампионскиот пехар се врати во витрините на градскиот ривал Селтик, но Ренџерс има шанса да го освои Купот на Шкотска. Финалето против Хартс на програмата е во сабота (16:00 часот) на Хемпден Парк во Глазгов.

Квалитетот е на страна на четата на Џовани ван Бронхорст, но играчите во сини дресови ќе бидат поуморни затоа што овој меч доаѓа по финалето во Лига Европа против Ајнтрахт Франкфурт. Формата е апсолутно на страна на тимот од Глазгов кој првенството во Шкотска го заврши со три победи, додека „срцата“ од Единбург нанижаа три порази, ама ја завршија сезоната на одличното трето место, зад гигантите од престолнината на оваа островска држава, во повратничката сезона во најдобрата лига.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Ренџерс и Хартс

Токму овие два тима минатата недела ги одмерија силите во Единбург во последното коло од првенството. Ренџерс лесно славеше со 3-1 иако домаќините поведоа. На тој натпревар тренерот на вицешампионот на Шкотска, Холанѓанецот Ван Бронхорст, играше со втор тим. Стартерите ги чуваше за мечот со Ајнтрахт во борбата за пехар во Лигата на Европа. Иако Ренџерс остана без најдобриот играч, повредениот колумбиски напаѓач Алфредо Морелос, нема проблеми со реализацијата. На последните три натпревари во шампионатот даде девет гола, додека Хартс прими ист број на голови во претходните 270 минути.

Ренџерс и Хартс оваа сезона одиграа четири натпревари. Тимот од Глазгов доби три, додека еден заврши без победник. Гол-разликата за тие 360 минути е дури 11-2. Иако Куп натпреварите се специфични, квалитетот и формата ни говорат дека вицепрвакот на Шкотска е многу поблизу до триумфот и би требало да дојде до утешниот пехар.