Ренџерс официјално е најлошата екипа во групната фаза од ЛШ

Ренџерс

Поразот од Ајакс во последното коло од Лигата на шампионите донесе неславен рекорд за шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс.

Тимот предводен од Џовани ван Бронхорст запиша шест порази на исто толку натпревари. Дека е најлош колектив во историјата на групната фаза во елитното клупско натпреварување пишува „Трансфермаркт“.

Многу екипи не освоиле ниту еден бод во своите настапи. Меѓутоа гол-разликата го сместува Ренџерс на врвот меѓу најлошите тимови кои некогаш заиграле во фудбалскиот клупски спектакл.

Зад себе тимот од Глазгов ги остави Динамо Загреб и Викторија Плзен.