• Саше Љолес
Бојан Миовски се наоѓа на излезните врати во Глазгов Ренџерс, но тоа не го спречи да постигне погодок во пенал-серијата, по која неговиот тим загуби од Јаблонец во плеј-офот за Конференциската лига. Јаблонец успеа да ја надополни негативата од еден гол во регуларното време, а потоа беше поуспешен и во рулетот.
Македонскиот репрезентативец го реализираше вториот пенал за „полицајците“, но потоа промашија Куртис и Пенрис, со што Ренџерс мораше да се помири со болна елиминација од најновото натпреварување на УЕФА.
За нашиот Миовски се чини дека полека завршува етапата во Шкотска, а според најновите информации, голем интерес за трансфер постои од шпанската Валенсија.
Доколку тоа се оствари, Миовски ќе биде соиграч на голманот Столе Димитриевски, кој веќе има првотимски статус кај „лилјаците“.
Пласман во групната фаза на Конференциската лига обезбедија холандскиот Твенте, кој со 1-4 славеше кај Карабах, Фрајбург го надигра со истиот резултат шкотскиот Мадервел, Копенхаген беше поуспешен од Интер Турку (исто така 4-1), а Норвешкиот Бран го елиминираше грчкиот ПАОК со севкупни 4-3.










