ВИДЕО: Ренџерс и Миовски одново разочараа, нов пораз на Црвена Звезда во Лига Европа

Екипата на Глазгов Ренџерс е најголемото разочарување во досегашниот дел од сезоната во Лига Европа, откако е без освоен бод и по три одиграни кола. Тимот кој што се очекуваше да обезбеди пласман во лигашкиот дел од Лигата на шампионите, вечерва го запиша и третиот пораз во второто по ранг натпреварување на УЕФА, откако на гости кај норвешки Бран Берген загуби со 3-0.

Корвинг во финишот од првиот дел и Соресен и Холм во вториот дел беа автори на втората победа на Бран оваа сезона, која сигурно ќе му донесе скок на табелата. Нашиот репрезентативец Бојан Миовски беше резерва и во игра влезе во 64. минута, но не успеа да го поправи лошиот впечаток кој што го остави неговиот тим. 

Нов пораз запиша уште еден тим кој беше проектиран за настап во Лигата на шампионите. Црвена Звезда повторно загуби во Португалија и од гостувањето кај Брага се враќа со пораз од 2-0. Вториот неуспех на „црвено-белите“ го обезбедија Наваро и Доргелес, а покрај поразот дополнителен проблем за српскиот шампион е повредата на Марко Арнаутовиќ, кој натпреварот го заврши по 37 минути игра. Црвена Звезда има само еден бод, додека Брага има максимални девет. 

  • Брага - Црвена Звезда 2-0:

Големо изненадување приреди холандскиот претставник Гоу Ахед Иглс, кој на свој терен извојува победа над еден од најголемите фаворити во ова натпреварување, Астон Вила (2-1).