Ренџерс и Џерард купија хрватски фудбалер за два милиони фунти

Стивен Џерард договори засилување од Хрватска! Еден од првите играчи на новиот тренер на Глазгов Ренџерс ќе биде стоперот на Славен Белупо, Никола Катиќ. Шкотскиот великан му плати на тимот од Копривница два милиони фунти како обештетување, а младиот дефанзивец веќе замина за Шкотска на лекарски прегледи.

21-годишниот Катиќ е роден во Босна и Херцеговина, но прифати да игра за хрватската репрезентација. Беше член на младинската репрезентација, а дебитираше и за А тимот. Кариерата ја започна во Хајдук Сплит, но таму не го препознаа неговиот потенцијал, па мораше да си бара нова средина. 

За негов беа заинтересирани и ЦСКА и Спартак Москва, но сепак Глазгов Ренџерс и Џерард беа најконкретни и најбрзи во обидот да го ангажираат младиот хрватски фудбалер.