• Мартин Танасковски

Екипата на Глазгов Ренџерс успеа да слави над големиот ривал Селтик (1-2 по продолжение) во рамките од полуфиналето од Купот на Шкотска и така го згасна сонот на „детелинките“ за освојување на трите домашни титули.
- Извештај од натпреварот:
По лигата и ФА Купот, Селтик го посакуваше и овој трофеј, меѓутоа лутиот противник застана на патот кон финалето во кое чека Хартс. Дуелот го реши еден автогол во екстра-времето, кога во 114. минута Старфелт ја стресе сопствената мрежа за голем триумф на Ренџерс.
Претходно, во првиот дел мируваа мрежите, а во вториот дел на „Хампден Парк“ прв поведе Селтик преку младиот фудбалер Грег Тејлор кој во 64. минута го фати голманот на ривалот во расчекор, додека изедначи „џокерот“ на Џовани ван Бронхорст, Скот Арфилд во 78. минута со одличен шут од пеналтикот.
Рекордер по бројот на титули во ова натпреварување е Селтик со вкупно 40 одличја, пред Ренџерс со 33 пехари. Вториот финалист Хартс нема ниту еден трофеј во Купот на Шкотска.