Ренџерс го отпушти Џовани Ван Бронхорст

Џовани

Шкотскиот фудбалски клуб Глазгов Ренџерс од денес е во потрага по нов тренер. Од оваа позиција заминува Џовани ван Бронхорст, кој поради лошите резултати во новата сезона заработи отказ.

Холанѓанецот седна на клупата на клубот во ноември 2021 година, кога го замени Стивен Џерард и го одведе тимот до финалето на Лига Европа и Купот на Шкотска.

За жал, последните резултати не ги исполнија нашите очекувања и донесовме одлука да го раскинеме договорот со тренерот. Потрагата по нов тренер е во тек“, се вели во соопштението на клубот од Глазгов.

Селтик ја искористи кризата на најголемиот ривал за да направи девет бода разлика на табелата во шкотската Премиер лига. Ренџерс исто така разочара во Лигата на шампионите, каде запиша шест порази на исто толку натпревари.