Ренџерс чекаше продолженија за да експлодира и да го освои Купот на Шкотска

Фудбалерите на Глазгов Ренџерс пред само неколку дена испуштија голема шанса по долги години да се радуваат на европски трофеј, бидејќи по изведувањето на пеналите немаа среќа против Ајнтрахт Франкфурт, но сезоната не ја завршуваат без титула.

„Полицајците“ на Џовани Ван Бранкхорст триумфираа во шкотскиот Куп, откако во големото финале на „Хемпден Парк“ по продолженијата со 2-0 го совладаа тимот на Хартс. Фудбалерите на најтрофејниот шкотски клуб како да беа емотивно истрошени од болниот пораз во Севиља, па до посакуваната победа стигнаа во дополнителните триесет минути.

Глазгов Ренџерс беше поблиску до победата и во регуларните деведесет минути, но немаше среќа во завршницата, но затоа во продолжението за само три минути постигна два гола и ги реши сите дилеми каде ќе заврши Куп-трофејот. Резултатот го отвори Рајан Џек во 94. минута, додека точка на мечот стави Врајт на додавање на Кент.

За холандскиот стратег ова е прв трофеј со новиот клуб, откако останатите два од домашните натпреварувања завршија кај градскиот ривал Селтик (Премиер лигата и Лига Купот).