Ренар: Мексико нè надигра, не заслуживме осминафинале

Иако го приредија најголемото изненадување во групната фаза на Светското првенство, фудбалерите на Саудиска Арабија се елиминирани во групниот сегмент на најголемата репрезентативна смотра. Поразот од Мексико со 2-1 ја спречи Саудиска Арабија да се квалификува во осминафиналето.

Селекторот Ерве Ренар смета испаѓањето е сосема реално.

„Мексико одигра подобро од нас и заслужено  победи. Настапивме под нашите можности и не реагиравме добро откако се најдовме во ситуација да го бркаме резултатот. Мораме да му бидеме благодарни на нашиот голман, бидејќи да не беа неговите интервенции, ќе постигнеа повеќе голови. Само во последните минути верувавме дека нешто може да се случи, но веќе беше предоцна.

Многу е тешко да се поминат групите на Светското првенство. Саудиска Арабија тоа го направи само еднаш, во 1994 година. Им честитам на моите играчи за вложениот труд, но не заслуживме да одиме понатаму“, искрено резимираше францускиот стручњак.

На еден месец пред Светското првенство Саудиска Арабија во пријателски натпревар ја совлада македонската репрезентација (составена само од фудбалери од ПМФЛ) со 1-0.

Состави

Ерв Ренар

3-4-3

    Херардо Мартино

    4-1-4-1