ВИДЕО: Рен во меч со ПЕТ ГОЛА го елиминира Лион и обезбеди Куп финале

Фудбалерите на Рен изненадувачки на гостински терен го совладаа тимот на Лион со 2-3 и обезбедија пласман во големото финале на Купот на Франција.

Од самиот старт се играше отворено и со шанси на двете страни, но на крајот за нијанса подобри беа гостите и сосема заслужено се пласираа во финалето.

Рен поведе со голот на Мбаје Нианг во 40. минута, а домаќините се вратија во игра на стартот на вториот дел, откако Бертанд Траоре израмни на 1-1. Нова предност за гостите донесе Бенџамин Андре во 55. минута, која на семафорот стоеше до 76. минута кога Муса Дембеле од пенал израмни на 2-2.

  • Извештај од натпреварот:

И кога се очекуваше дека домаќините ќе имаат психолошка предност, гостите преку Бенсебаини во 81. минута по третпат на денешниот натпревар стигнаа до предност (2-3), која ја сочуваа до самиот крај.

Противник на Рен во големото финале ќе биде подобриот од утрешниот дуел меѓу ПСЖ и Нант.