ВИДЕО: Рен со „петарда“ слави кај Ажаксио и се доближи до излез во Европа

Екипата на Рен славеше убедлива победа кај веќе испаднатиот Ажаксио со огромни 0-5 и си ги зголеми шансите за пласман во евро-куповите следната сезона. Гостинскиот тим беше апсолутно подобар ривал и се враќа дома со важни три бода. 

  • Aжаксио - Рен 0-5:

Рен ја најави убедливата победа уште во првото полувреме, и тоа со четири голови во мрежата на домаќините. Ажаксио беше немоќен пред налетот на мотивираните гостински фудбалери и ниту еднаш посериозно не се закани кон голот на Рен. Сантамарија и Доку постигнаа по еден, а Гуири додаде уште два гола за убедлива предност од 0-4 на полувремето. 

Вториот дел беше чиста рутина за Рен, гостите одиграа колку што е потребно за да го затворат мечот во своја полза, а домашната мрежа уште еднаш се затресе во 71. минута преку Гуири кој стигна до хет-трик. Агонијата на Ажаксио беше потврдена во 61. минута кога Алфонс заработи црвен картон и домаќините ги одиграа последните триесет минути со играч помалку. Веќе беше јасно дека Рен ќе заминe со убедлива победа и конечниот резултат беше 0-5. 

Ажаксио уште пред две кола официјално се „промовираше“ во нов второлигаш, додека Рен има големи шанси во последните две кола да избори учество во квалификациите за Конференциската лига или за групната фаза на Лига Европа. Рен има 62 бода, еден помалку од Лил и три помалку од четвртопласираниот Монако, а до крајот на сезоната во Лига 1 остануваат уште две кола. 

  • Лил - Олимпик Марсеј 2-1:

Значајна победа синоќа забележа Лил, кој пред своите гледачи го совлада Олимпик Марсеј со 2-1. Џонатан Дејвид и Жонатан Бамба ги постигнаа головите за домашната екипа, а Клаус „стрелаше“ за екипата на Тудор.

Состави

Olivier Pantaloni

4-3-3

    Bruno Genesio

    4-3-3