ВИДЕО: Рен се врати од 0-2 и му го „грабна“ Купот на Франција на препотентниот ПСЖ!

Најбогатиот француски клуб, ПСЖ, претрпе нов голем удар, откако му побегна од рацете уште еден трофеј, овој пат од Купот на Франција. „Светците“ пропуштија предност од 0-2 против Рен и „црвено-црните“ се изборија за продолженија и пенали, па по фудбалскиот рулет славеа со 6-5 во спектакуларно финале на „Стад д Франс“.

Дани Алвеш со прекрасен волеј удар донесе предност за екипата на Тухел во 13. минута, а неговиот сонародник Нејмар само осум минути подоцна зголеми на 2-0. На пет минути пред одморот дефанзивецот Кимпембе ја погоди сопствената мрежа и го врати Рен во игра. Играта на ПСЖ загуби на сигурност и Едсон Мексер во 66. минута го израмни резултатот.

  • Извештај од натпреварот: 

Следеше калкулирање и дополнителни 30 минути. Фудбалерите на ПСЖ промашија серија на шанси, а нервозниот Мбапе заработи црвен картон во 118. минута. Следеше пенал-рулетот во кој повеќе среќа и концентрација имаа фудбалерите на Рен.

Во шестата серија пенали Кристофер Нкунку не успеа да реализира од белата точка и фудбалерите на Рен извојуваа историска победа од 6-5 по казнените удари.