• Сашо Поповски

Рен го искористи домашниот терен за да запише сигурна победа над Анжер (2-0) во рамките од 27. коло од Лига 1.
- Рен - Анжер 2-0:
Еден од кандидатите за највисок пласман ја сочува мрежата и искористи две шанси за да го освои цел плен. Бенџамин Бурижо погоди пред крајот на првото полувреме и го најави триумфот. Долго време домаќинот стравуваше за конечниот резултат, но точка на натпреварот стави Гаетан Лаборд на неколку минути пред последниот судиски свиреж.
Идентичен успех запиша и Нант против Монпелје (2-0). Позитивната серија на домашните фудбалери ја обезбедија Муани и Геубелс со две реализации во второто полувреме. Гостинската чест ја одбрани Троа кај Бордо (0-2), а без победник заврши натпреварот меѓу Ремс и Стразбур (1-1).
- Бордо - Троа 0-2:
Лил и Клермон ќе ги одмерат силите во 17:05 часот, а колото ќе биде заокружено со дербито меѓу Олимпик Марсеј и Монако.