ВИДЕО: Рен „меле“ во Лига 1, го доби Сент-Етјен за четврти триумф во пет меча

Екипата на Рен ја потврди одличната форма на стартот од сезоната и го запиша четвртиот триумф од пет натпревари, откако славеше на гостувањето кај Сент-Етјен со 0-3. Отпорот на домаќинот беше скршен уште во првиот дел, а поништен им беше гол за израмнување на стартот од вториот. Казната следеше во продолжението и со уште два гола Рен ја потврди победата. 

  • Извештај од натпреварот:

По воведното тактичко надмудрување, резултатот го отвори стоперот Наиф Агуерд, кој во 33. минута по нафрлување погоди со глава за 0-1. Стартот од вториот дел понуди погодок за израмнување, откако Нордин се најде на вистинското место по одбиена топка, но бил во недозволена позиција. 

Рен продолжи со добрата партија и по примениот и поништен гол тргна одново напред. Тоа резултираше со удвојување на предноста, во акција по десната страна нафрли дел Кастиљо, а во паѓање и преку себе Гираси стрелаше за 0-2. Во последните минути од средбата, нововлезениот Адриен Хуну мудро го искористи фактот дека голманот Мулин беше излезен и атрактивно го лобуваше за конечните 0-3.