• Сашо Поповски

Нант играше натпревар без големо значење, но го одбрани домашниот терен и му направи проблеми на Рен (2-1) и неговите европски амбиции до крајот на сезоната во Лига 1.
- Извештај од натпреварот:
Гостите беа далеку подобро во однос на ривалот, но примија два гола и запишаа неочекуван пораз, кој може многу да ги чини во завршницата. Таит по половина час игра донесе радост за фудбалерите на Бруно Женесио. Меѓутоа од тој момент фудбалерите на Рен како да се опуштија, што на крај придонесе во конечниот резултат.
Кулибали погоди навреме за „канаринците“ и пред самата пауза израмни на радост на публиката. Моментот на одлука му овозможи на Паоли да биде херој на Нант, затресувајќи ја мрежата на противникот на дваесет минути до крајот.
Рен пропушти шанса со позитивен резултат да скокне неколку места на табелата и да си отвори простор за успешен финиш во францускиот шампионат.