• Саше Љолес
Фудбалскиот клуб Рен го отпушти камерунскиот стратег Хабиб Беје, кој заминува поради нарушена атмосфера и лоши резултати на тимот. Одлуката следува по поразот од Ленс во минатото коло на Лига 1.
Причините за прекинот на соработката вклучуваат тензии во соблекувалната, особено со репрезентативниот голман Брис Самба и неколку напаѓачи, кои биле исклучени од списоците за натпреварите поради несогласувања со тренерот.
Беје инсистирал да добие проценти од идните трансфери на клучни играчи на клубот, како и исплата на плата за следните две години и други поволности, што довело до конфликт со раководството.
Клубот веќе избрал потенцијален наследник, а тоа е Франк Ез, поранешен тренер во Ница и Ленс, кој наскоро треба да биде претставен како нов шеф на стручниот штаб.









