Ремзи во нова улога му се приклучи на Велс пред Македонија по траумата во Мексико

Арон Ремзи е најголемата ѕвезда на Велс. Доскорешниот капитен на националниот тим си замина од Мексико заради траума која ја доживеа, па селекторот Крег Белами го повика во тимот.

34-годишниот Ремзи беше дел од УНАМ Пумас, но го раскина договорот откако неговото куче исчезна и тој се соочи со големи грижи. Неговата психичка состојба не му дозволи да игра фудбал, беше и повреден, па двете страни се разделија.

Крег Белами одлично го познава Ремзи, па го повика да биде дел од тимот на Велс пред дуелите со Лихтенштајн и Македонија. Нема да игра на натпреварите, туку ќе тренира со тимот за да одржува форма, а исто така ќе биде дел и од стручниот штаб затоа што учи за тренерските лиценци во фудбалот.

Велс го очекуваат два клучни меча во циклусот за СП 2026. Прво гостува во Вадуц кај Лихтенштајн, таму му треба победа со шест гола за да му одговара и реми со Македонија на дуелот во Кардиф за да биде втор. Ако не успее во таа мисија, ќе мора да слави на последниот меч ако го сака второто место, а секој друг епилог ќе го однесе тимот на Милевски во баражот преку циклусот кој носи полесна ждрепка.