• Мартин Танасковски

Екипата на Ница која имаше добар преоден рок одигра реми против Тулуз (1-1) на стартот на сезоната во француската Лига 1.
Мечот го одбележа дебитантот за гостите, Арон Ремзи, кој покажа дека е класа и погоди по само една минута на теренот. Велшанецот влезе од клупата во 77. минута на местото на Стенгс, а една минута подоцна погоди за 1-1.
- Деби-голот на Ремзи за Ница:
Trademark Ramsey. A minute into his debut. pic.twitter.com/XwC0CDL84Q
— køaø (@Kayy_Eh) August 7, 2022
Претходно, домашниот тим имаше предност во поголемиот дел од средбата поради погодокот на Далинга во 20. минута. Ница во следното коло игра дома со Стразбур, додека Тулуз гостува кај Троја.
- Извештај од натпреварот:
Денес се играат останатите седум натпревари од првото коло на Лига 1, а дербито е вечерва на „Велодром“ во Марсеј, каде се среќаваат Олимпик Марсеј и Ремс.