ВИДЕО: Ремзи му „украде“ гол на Роналдо од слободен удар!

Кристијано Роналдо мака мачи да даде гол од слободен удар, а беше на прагот тоа да го прекине во Москва, но клупскиот колега Арон Ремзи не дозволи такво нешто.

Јувентус прв поведе на гостувањето, по еден шут на Роналдо од слободен удар во 4. минута. Голманот на Локомотив ја испушти топката, а таа одеше кон голот. Беше на прагот да влезе внатре, но Ремзи ja чепна на самата гол линија и го „украде“ голот.

Домаќинот брзо се врати во натпреварот, со погодок на Миранчук во 12. минута.