Ремзи ќе добие богатство од Јуве: Станува најплатениот Британец во историјата! 

Италијанскиот шампион Јувентус веќе го доби првото летно засилување, откако потпишан е предоговор со ѕвездата на Арсенал, Арон Ремзи, тврди „Би-Би-Си“. 

Преминот на велшкиот репрезентативец во редовите на торинскиот гигант беше прашање на време, а според елитниот британски медиум преговорите се завршени и Ремзи од следната сезона ќе го носи дресот на „старата дама“. 

Искусниот играч за врска потпишал четиригодишен договор, а седмично ќе заработува 400.000 фунти, сума која го прави најплатениот Британец во историјата и еден меѓу најплатените во фудбалскиот свет. 

Ремзи цели 11 години ги бранеше боите на Арсенал, долго време е лидер на тимот, но изненадувачки не доби понуда за нов договор од раководството на тимот од „Емирати“.