Ремзи до Роналдо: Кристијано, извини што ти го „украдов“ голот, ама...

Екипата на Јувентус запиша победа кај Локомотив Москва (1-2) во рамки на Лигата на шампионите, а интересна ситуација се случи при првиот погодок на мечот на „бјанконерите“ кој беше дело на Арон Ремзи.

Истиот можеше да му припадне на Роналдо, но само ако Велшанецот не му го „украдеше“ истиот од самата гол-линија. Ремзи призна дека му се извинил на Роналдо за потегот, но вели дека има образложение за тоа.

„Му се извинив на Роналдо затоа што го направив тоа. Но, во тој момент помислив дека голманот е многу поблиску до мене и дека има шанса да се фрли и да ја фати топката. Мојот инстикт работеше, па само ја вметнав топката зад линијата“, изјави Ремзи.

>>> ВИДЕО: Ремзи му „украде“ гол на Роналдо од слободен удар!

Јувентус победи во ЛШ со голот на Даглас Коста во 93. минута и е веќе во наредната фаза од европската фудбалска елита.