ВИДЕО: Ремс лесно го совлада Сент-Етjeн, Нант минимално славеше против Дижон

Фудбалерите на Сент-Eтjен ја испуштија шансата да фатат приклучок кон позициите кои носат европски фудбал и загубија на гостувањето кај Ремс (3-1). Домаќините рано поведоа, но гостите на стартот на вториот дел израмнија. Сепак, до крајот Ремс даде уште два гола за важна победа во Лига 1.

  • Ремс - Сент-Етјен 3-1:

Ремс поведе во десеттата минута, кога по една среќно одбиена топка, Оудин погоди преку себе за предност. Сент-Етјен се обидуваше да израмни, а конечно успеа во 59. минута, кога Хамума стрелаше на асистенција на Ахулу. 

Домаќините предноста ја вратија по една полуконтра, кога Чавалерин одлично нафрли, за Диа кој со глава го совлада противничкиот голман. Конечните 3-1 ги постави Думбиа во 92. минута, кога по грешка на одбраната на гостите се најде сам пред голот. 

Фудбалерите на Нант ги искористија киксовите на ривалите и со победата над Дижон (1-0), се качија дури шест места погоре на табелата. Во тврд натпревар, на кој домаќините имаа целосна контрола, голот за победа дојде релативно доцна. 

Блас погоди за својот тим во 73. минута, по добро одложената топка од Симон, стрелаше во долниот десен агол од околу 20 метри оддалеченост. Единствениот гол се покажа како решавачки, бидејќи Дижон немаше сили да се спротивстави. 

Ситуацијата на табелата за овие две екипи е интересна. Нант дојде на само еден бод негатива од четвртото место на Рен, место кое носи европски фудбал, а спротивно на тоа Дижон е еден бод над опасната зона.