Ремс го мерка Миовски, потенцијалниот трансфер е 4,5 милиони евра

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски игра во одлична форма за шкотски Абердин. Моментално е меѓу најдобрите стрелци во лигата и го привлече вниманието на клубови од Европа.

23-годишниот офанзивец е мета на Ремс од Франција. Абердин го донесе од унгарски МТК за нешто околу 500.000 евра, а сегашен потенцијален трансфер чини 4,5 милиони евра, затоа што шкотскиот премиерлигаш го проценува напаѓачот на таа сума.

Сепак, мала е веројатноста Абердин да го продаде Миовски толку рано, затоа што во моментов тој е еден од најважните играчи во составот кој се бори за едно од местата во Европа преку шкотскиот шампионат.

Бојан Миовски на вкупно 18 натпревари на Абердин во сите конкуренции постигна 12 гола со уште една асистенција.