Ремонтот во Тиквеш продолжува, Скендери нов напаѓач на кавадарчани

Скендери

Во пресрет на новата ВМФЛ сезона, екипата на Тиквеш донесе уште едно засилување.

На големите промени во тимот од Кавадарци се надоврза напаѓачот Емир Скендери. Тој доаѓа како позајмен фудбалер од екипата на Академија Пандев и ќе се задржи во новиот клуб една сезона.

19-годишникот офанзивец претходно беше на позајмица во Кожув, а по една година повторно се врати во Струмица.

Новата сезона за второлигашите започнува за десет дена, а Тиквеш во првото коло ќе гостува токму кај Кожув во Гевгелија.