• Саше Љолес
Управата на Баерн Минхен периодов најавуваше дека во клубот следува голем „ремонт“, а овој процес започна со назначување на нов спортски директор. На оваа функција доаѓа Макс Еберл, кој ќе официјално ќе започне со работа на 1 март и ќе биде задолжен за креирање на тимот за следните сезони.
„Надзорниот и управниот одбор на Баерн Минхен ја информира јавноста дека нов спортски директор во клубот ќе биде Макс Еберл. Одлуката е едногласна и убедени сме дека Еберл максимално професионално ќе ја извршува оваа сериозна функција“, стои во краткото соопштение од клубот.
Еберл како активен играч ги мина сите младински школи за Баерн и дебитираше за првиот тим токму во овој дрес, а по завршувањето на кариерата работеше како спортски директор во Борусија Менхенгладбах и во РБ Лајпциг.