Реми со шест гола на фудбалерките на Косово и Македонија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија ремизираше во натпревар со шест гола против соодветната селекција на Косово во пријателски натпревар (3-3). Во вториот тест за нашата женска сениорска селекција, нашите девојки се вратија од 0-2, дури и беа пред победа, но со примен гол во судиското надополнување, дуелот заврши мирољубиво.

Косовската репрезентација поведе со 2-0 со головите на Ука во 41. минута и Бесјана во деветтта минута од вториот дел. Но, нашите девојки веруваа во враќање во натпреварот и Крстаноска и Ристовски од пенал во само три минути израмнија на 2-2.

Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши со овој резултат, во петминутното судиско надополнување постигнати се два гола. Најнапред, Македонија поведе со 2-3 со голот на Николовска во 93. минута, но само што тргнаа од центарот, косовските репрезентативки преку Мемети израмнија на 3-3.  

Во првиот од двата контролни меча на нашата репрзентација и Косово на гостински терен, нашите фудбалерки загубија со 1-3.