• Сашо Поповски

Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година ремизира со врсниците од Србија (1-1) на пријателскиот натпревар во Ларнака.
Нашиот национален тим по само две минути стигна до предност. Берат Калкан се најде на вистинското место и една одбиена топка ја претвори во водечки погодок.
Притисокот на Србите до крајот на полувремето беше крунисано со реализација од единаесет метри. Стефан Митровиќ беше стрелец за младите „орли“, а воедно и човекот кој го постави конечниот резултат. Вториот дел не донесе промена на резултатот. И двете селекции одиграа претпазливо и се задоволија со поделбата на пленот.
Србија:
В. Илиќ (од 75м. Гочманац), Роган, Миќиќ, Ѓековиќ (од 86м. Ѓорѓевиќ), М. Илиќ (од 86м. Добријевиќ), Петковиќ (од 53м. Васиљевиќ), Станковиќ, Кнежевиќ (од 53м. Мотика), Милетиќ (од 46м. Крстиќ), Митровиќ, Ратков
Македонија:
Алчевски, Стојчевски, Деспотовски (од 78м. Крстевски), Калкан (од 63м. Златков), Тодоровски (од 63м. Николов), Илиевски (од 78’ Абази), Максимов (од 63’ Јанкуловски), Рамани. (од 63' Станковски), Рамадани, Крстевски (од 86' Игњатов), Малевски (од 78' Фета)
На првиот контролен натпревар момците на Драги Канатларовски ремизираа и против Кипар.